The Search

The Search

Интелигентна денс музика

Интелигентна денс музика е вид на електронска музика која се појавува во раните 1990-ти години. Првобитно жанрот беше под влијание на иновации од андерграунд денс музиката во Обединетото Кралcтво, како Детроид Техно и разни форми на брејкбит. Од стилска гледна точка Ај-Ди-Ем не се придржува строго до специфични музички форми на електронска музика, но попрво се стреми кон поединечно експериментирање. Во 1990 година низата на пост-техно стилови во подем беа разновидно опишани како: арт техно, амбиент техно, интелигентно техно, и електроника. Во денешно време музичката индустрија во САД го користи терминот како сепопфатен поим за да се опише електронската денс музика и нејзините многубројни поджанрови.

Wikipedia · CC BY-SA