The Search

The Search

Будимпешта

главен град и најголем град на Унгарија

Будимпешта — главен град на Унгарија и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар. Во 2010 година, во Будимпешта бројот на населението изнесува 1,721,556, што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2,1 милиони луѓе. Градот има големина од 525 км2. Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Будим и Обуда и левиот (источен) брег Пешта.

Wikipedia · CC BY-SA