The Search
Кејптаун
Кејптаун — вториот најнаселен град во Јужноафриканската Република по Јоханесбург.. Тој е провинциски главен град на Западен Кејп, како и легислативен главен град на ЈАР, каде се наоѓаат парламентот на ЈАР и многу владини канцеларии. Кејптаун е дом на 64% од населението на Западен Кејп. Тој е еден од најпознатите мултикултурни градови во светот, како одраз на неговата улога како главно одредиште за имигрантите и иселениците во аЈАР. Градот бил прогласен за Светски главен град за 2014 година од страна на Меѓународниот совет на здруженијата за индустриски дизајн. Во 2014 година, Кејптаун бил прогласен за најдобро место во светот што го посетиле The New York Times и The Daily Telegraph.
Wikipedia · CC BY-SA