The Search
Белемска кула
кула во Лисабон
Белемска кула (португалски: Torre de Belém, официјално Кула на Свети Викентиј — утврдување во Лисабон од 16 век коешто служело како точка за утовар и истовар на португалските морепловци и свечена влезна порта во градот. Кулата била изградена за време на процутот на португалската ренесанса и претставува препознатлив примерок на мануелинскиот стил, но исто така содржи одлики на други архитектонски стилови. Градбата била изградена од лиош — вид на варовник карактеристичен за Португалија — и е составена од бастион и четирикатна кула висока 30 м.
Wikipedia · CC BY-SA