The Search

The Search

Земјотрес во Мароко (2023)

Земјотрес во Мароко од 2023 г. — земјотрес со јачина од 6,8 MW што се случил на 8 септември 2023 г. во 23:11 часот во регионот Маракеш-Сафи во Мароко. Епицентарот на земјотресот бил на 71,8 километри југозападно од Маракеш, во близина на ски-центарот Оукајмеден во планините Атлас. Пријавени се најмалку 2.122 смртни случаи и најмалку 2.421 повредени. Земјотресот предизвикал големи разурнувања; вклучително и оштетување на историските знаменитости на Маракеш. Земјотресот бил почувствуван и во Шпанија, Португалија, Гибралтар, Мавританија, Алжир и други земји.

Wikipedia · CC BY-SA