The Search
Аеродром Вацлав Хавел Прага
Аеродром Вацлав Хавел Прага е најголем аеродром кој го опслужува главниот град Прага. Аеродромот се наоѓа на 10 километри од центарот на градот и е централа на Czech Airlines. За првпат беше отворен на 5 април 1937 година. Аеродромот е најзафатен во Чешка, и со 12.4 милиони патници во 2007 година е најзафатен аеродром во новите земји членки на Европската Унија.
Најголемиот број на летови заминуваат од Северниот Терминал. Јужниот терминал се користи најмногу за чартер, ВИП и за генерална авијација. Аеродромот има две писти 06/24 и 13/31. Јавниот транспорт од и до аеродромот е можен со автобусот број 119 до метро станицата Дејвичка и потоа со трансфер до зелената метро линија до станицата Зличин, која е недалеку од центарот на Прага. Вообичаено, патувањето трае околу 40 минути. Од декември 2005 година, автобуската линија АЕ нуди нонстоп транспорт од терминалите Север 1 и Север 2 и железничката станица Холешовице, секој ден од 5 часот наутро до 22 часот навечер, на секои 30 минути и цената во еден правец е 100 денари.
Wikipedia · CC BY-SA