The Search
Слад пиво
Слад (малт) пивото — слатко, ниско-алкохолно пиво кое се приготвува како обичното пиво, но со мала или минимална ферментација. За да се одржи ниска содржина на алкохол, може да се користи еден од двата методи: или се додава квасецот на околу 0°C или ферментацијата е запрена при саканата содржина на алкохол. Се прави од сируп од јачменов слад, шеќер, квасец, хмељ и вода. Пивото има четири главни состојки. Тоа се вода, хмељ, квасец и жито.
Wikipedia · CC BY-SA