The Search

The Search

Сан Францискито (поток)

Потокот Сан Францискито е поток кој се влева во југозападниот дел на Санфранцискиот Залив во Калифорнија, САД. Историски, тој бил познат како Arroyo de San Francisco, според името кое му го дал Хуан Баутиста де Анса во 1776 година. Потокот Сан Францискито тече низ градовите Портола Вали, Вудсајд, Менло Парк, Пало Алто и Источно Пало Алто. Тој ја означува границата меѓу окрузите Санта Клара и Сан Матео од местото каде во него се спојува притоката Лос Транкос до утоката во заливот.

Wikipedia · CC BY-SA